Tuesday, September 4, 2018

ПИСМО ДО УБАВИЦАТА

Лубов моја...



Знам, веке си ме заборавила мене, и не сум ти важен повеке. Како минува времето, ти си се подалеку и подалеку од мене.
Се срекаваме почесто, но кога ме сретнуваш, ја вртиш главата настрана за да не ме погледнеш веке.
Кога замина тоа време убаво со ретка радост? Зар не почнуваат сите лубови со насмевка и радост?
беше крако нашето заеднишко време, но со полно спомени кои ке трајат и во вечноста. Ти беше убава кога ме гледаше кога ти раскажував за мене, тој ден кај гратскиот парк, блескаа твоите очи полни со возбуда. Ти сакаше да трае тој разговор уште, но обврските ги прекинаа убавите секунди на радост и вистинита лубов.
И потоа траеше и неколку мигови нашата дружба, ми заѕвони на месинџер, се сретнавме и видовме пак, ми се изгуби потоа.
Зборувавме во долгите ноки зимски и пролетни, се додека не се појави трн мегу нас.
Да, тоа беше противникот на лубовта, уништи за миг се за да на крајот ти еднострано ја прекинеш врската за контакт. Ме блокира, и повеке не прифати ни еден повик мој за да се сретниме и разговараме како двајца возрасни луге. Пропадна се се сруси карпа над нас и стана тишина која трае и ке потрае за секогаш изгледа.
Ова писмо нека ти служи како потсетник на едно убаво време кое ни беше украдено од злите. Нека ти биде потсетник, па можеби некогаш колешке моја драга ке се сетиш дека тоа што се повлечи беше грешка.
Ке ја намирисаш лубовта со закаснување, но тогаш, веке тој цвет што даваше миризба на убавина, ке биде во нечија туга градина.
Од срце ти посакувам да ти биде се во ред во живототмила, па макар и си немал друго миризливо лубовно цвеке. Животот е суров, понекогаш ги кради убавите моменти баш тогаш кога треба да ти е убаво во животот.


Твојот НОБЕЛ

No comments:

Post a Comment