Saturday, January 30, 2016

КОЛУМНА

ТОШЕ, СО НАМЕРА ДА СПРЕЧИ ИЛИ ОБЗНАНИ ПОТВРДНОСТ ЗА ОФИЦЕРСКИ ДОМ.


Денеска, шетајки по Резил Сокакот на Битола, ненадејно на видик ми се појави еден човек кои до вчера беше десна рака на Општинските Власти, и креативец на БИТФЕСТОВИТЕ, а денес како да се прикажуваше како спасител на нешто што е скарнавено со години, а демек бил тој и едикојси друг, против продажбата на Офицерскиот Дом.
Па луд да е човек ке се посомнева во матнините кои се случуваат во лудничавиот систем на невредности и капитациони профити од зборот Демос, а го нема тој Хомос никаде.
Се чудам како господинот кои до вчера беше во тајфата на Наде Брачич и компаниите кои правеа култура порачана од тоталитарната власт, денеска да застане во одбрана на нешто што веке одамна е распаднато и скарнавено!!!
Си велам, луге, што се овие ујдурми и лицемерства на некои кои во времето на Гунер Исмаил кои беше Министер за Култура, во времето на СДСМ, кувари, забари, да шуруваат и кумуваат во културата, а денеска ете да глумат конкордини, а до вчера беа до рамо со Двојче - Зајко, и со тајфата околу него, дворски играчи од калибарот на клиентелатуризам и конформизам. Нели ова не е малку сомнително, кој би можел да е Лисицата што сака да ги скрие трагите на снегот лански???!!!
Јас се сомневам веке дека во Битола и пошироко во Македониава има некој здрав совесно, и чист во намерите, па затоа, ги жалам граганите кои не знаат да читат мегу редови.
Граганска Инициатива, која е таа, има ли име и презиме. Страм, нестрам, го прашав синот, Мариглен, што е ова рашомониада, да не е информиран тој заедно со Џоџо, ама и тие немаа поима.
Јалова работа ке да е ова. Заштита на културата и наслестсвото, касно веке. Ама сепак јас мислам дека дружината Дел Капо ди Капи, си се помагаат на секаков начин. А граганите, Овчички како и секогаш за жал.
Нобел Манастирлиу

Saturday, January 23, 2016

ЕУЛЕКС, МОЖНА АЛТЕРНАТИВА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ ВО МАКЕДОНИА

Со оглед дека  самата држава се основа на самите почетоци врз база на криминалитет, и самото недефинирано политичко уредување, непостоење на правниот систем, суспензија на Уставот, и законите кои се донесени на над 30 илјади на број, во македониа е ирелевантно веке дека некој ке може да го среди ова бесредие бес присуство на мегународните Европски институции, мегу кој и Европол или нас познато како ЕУЛЕКС.


Имајки во предвид дека од 90 та навака нисто не се променило, редно е сите грагани на ова држава, сите невладини организации и здружениа треба силно да притискаат кон мегународниот фактор за во Македониа под ургентно да се инмсталираат вакви институции од мегународен карактер, почнувајки од Полицијата ЕУЛЕКС, па се до специален суд или трибунал за тешки криминални дела кои се направени за овие 25 години осамостојување.
Македониа е ранлива земја од страна на криминалот и криминалците на Балканската Мафија која се вдоми за време на блокадите на некогашна Југославија или Србија, за време на Милошевич кога се шверцуваа сите работи преку нашата територија, узурпација на државниот имот, и делење на тој само на 7 фамилии, и задолжување па кражба на над 54 милјарди Евра, плус оние кои влегоа во државата како неповратни средства за развој на земјава.
Под хитно треба да се покрене ова инициатива од сите грагани кои сакаат правда, зашто никогаш нема да се расчисти со криминалот во Македониа да им е јасно на сите.
ЕУЛЕКС во косово направи нешто што треба и тука да се случи веке. И трибуналот исто така, и да се зајакне позицијата на Специалниот Јавен Обвинител и со советници од Европа.
Македониа само така ке има некаков излез. Во спротивно, само со револуција ке треба да се расчисти ова губре од земјава.


НОБЕЛ