Wednesday, March 11, 2020

ЗАВОДОТ ЗА ДИАЛИЗА ВО СТРУГА ГИ ДИСКРИМИНИРА ПАЦИЕНТИТЕ ОД ВНАТРЕШНОСТА.

Добивајки право како пациент со Диабет Тип 2, од страна на Лекарот Ендокринолог Др. Олга Лозановска, но со упат од мојата Матична Лекарка од Битола, бев упатен по хаваријата која ја претрпив од Гликемијата, која ненадејно се појави и ми направи огромни штети, а и по препорака на Интернистот-Кардиолог од Заводот за Кардиоваскуларни болести од Охрид Др. Рилинд Жаку, бев упатен со термински упат за ден 10 март 2020 година кај Др. Јетмир Зиба, со точно прецизиран термин во 11 часот и 30 минути.
Откако Др. Зиба потврди дека треба да се направат анализи на крвта и мокрачата, но и да се направи и Ехотомографски преглед на бубрезите и мокрачните други органи, јас се обратив до лабораторијата на Заводот, за да ми се земе крв за анализа. Иако платив огромни трошоци како партиципиент, иако викаат дека сме имале бесплатно здравство, една од техничкиот медицински персонал, ми се обрати со зборовите уште при предавањето на интерниот упат, зашто вие од Битола идите толку касно?! Уште на стартот беше трудно и непрофесионално, зашто заприметив лица донесени на работа по партиска линија, а не професионалци кои ке одговараат на предизвиците на задачата, за која земаат и лични доходи.
Дали сте виделе некаде во некоја модерна клиника или болница со шприц да ви земаат крв за анализа? Значи, специална болница за бубрежни болести, во 21 век, нема опрема софистицирана за земање на крв од пациентите за анализа лабораториска, па кој век живее Македонското здравство?! А од тоа непрофесионално земање на крв, мене ми се оштети Вената, зашто дотичната не знаеше да ми ја најде вената. Каде не низ Европа сум се лекувал, ама вакво нешто, памтам во селските Амбуланти од времето на 70-те години!











Еве се гледа на самата фотографиа, и по два дена, сеуште стои синило на раката, од нивниот професионализам...!

Откако завршив некако во лабораториата, тргнав да се снимам на Ехотомографот, но иако имав термин, и на време го доставив интерниот упат даден од Др. Зиба, пред мене дојдоа ненајавени пациенти, познаници на техничкото медицинско лице во амбулантата за Ехо 1, и тоа траеше до бескрај, пациенти незакажани и бес термини, и нехуманото однесување на малограганката, која на работа дошла тука преку партиски вработувања, а тие кои беа закажани, некој се откажаа, а на некој им се одложи за после една недела снимањето.
Неодговорност, немање на ред, непрофесионалност, некултура, нехуманост, се на се. Јас си го зедов мојот интерен упат, бидејки веке беше повеке од 14 часот, и за несрека го сретнав Директорот на установата во ходникот, па му се пожалив.








Евего, овој сурат на фотографиата со бел мантил е Директорот на Заводот за Диализа во Струга. 

Откако разменивме зборови и се пожалив, човекот мува не го полази, ми се развика и ми рече: "Па што ако си Новинар ти, и што ако напишиш против мене", и замина, вракајкисе повторно, и расправајкисе во ходникот со мене.
Откако ги добив некомплетните резултати од лабораторијата, заминав кај закажаниот лекар Др. Зиба, но таму ги немаше резултатите од анализата на Урината. Лекарот, видно растревожен, дојде со мене до Лабораторија, и по 20 минути ми беше даден комплетираниот резултат од лабораториската анализа на крв и мокрача.
Откако ја виде лекарот, констатира дека со Бубрезите немам проблеми,  дека  наодите се уредни и добри, и се договоривме по 6 месеци да се врши друга контрола за секој случај.
Сакам да ја известам јавноста, како и Министерот Венко Филипче, да си знае дека состојбата во здравството му е хаотична и беснадежна, растроена и бес контрола, бес одговорност, со непрофесионалци и неодговорни луге сродно кон нивната професија, и дека недај Боже да излезе ситуациата од контрола со Пандемиската инфекција со Кобит 19 кој е од типот на Коронавирусите, слични на некогашната Чума, или Колера, па да се слика потоа, и да не знае што ке направи, оти и него ке го стигни, нема бегање од тоа, зашто со ваков однос и неодговорни луге, неможи да се има квалитетно здравство, ни во ниеден случај.
Јас знам дека нема да се преземе ништо против Директорот како раководител и менаџер, ниту против никој друг кои треба да сноси одговорност за непочитување на нечија болест, но ке ја известам Светската здравствена Организација за ова, и Организацијата ЛЕКАРИ БЕС ГРАНИЦИ, па нека се чудат потоа зашто Македониа е на последните места во таа насока.

Лично засегнатиот како пациент

Фергим Демири
Новинар од Битола

No comments:

Post a Comment