Sunday, December 30, 2018

КОЈ ЛИ ОД КРИМИНАЛЦИТЕ ОД ПОЛИТИКАТА КЕ ГО ЛАПНЕ ОБЈЕКТОТ НА ХОТЕЛ БИТОЛА?

Барајки по гугл да најдам фотографија на некогашниот луксузен Хотел Битола кои почна да се изгради некаде 80 тите години кај месноста Нивата на Попот, односно до Новиот Битолски Пазар, не наидов на ниедна таква. Изгледа не го рачунаат веке како Хотел, иако повремено се издаваат соби за кајсибеш и швалерација.
откако го урнисаа од 90 тите навака Хотелот, кои беше репрезентативен и луксузен со сите нишани, потоа го претфорија еден дел во Старачки Дом.
Да урнисаш таков објект кои беше изграден на репрезентативно место е криминал бес преседан. Имаше услови за се, па и за семинарски туризам и за комерција, за свадби и веселби, па Бизнис Сала и се што му доликува на еден луксузен Хотел.
Првин Владата на Бранче стави прсти за да го битисва, па потоа дојдоа ВМРОНИТЕ, па сега дам бетер овие Зајковци Еден гавол знае на кого ке му го датат за 5 пари.
Јас пораснав и стареам веке , имам 56 години, ама никаде немам видено да урнисуваш Хотел со 4 а можеби и со 5 ѕвезди, Хотел кои не беше во загуба, туку продуктивен, зашто никогаш и не беше празен и неискористен.
Колку пари испокрадивте бе макидонци од ова јадна државичка, кажетеси еднаш на вашите макидонци мачни, шо ги мамите???! Да урнисаш еден објект и да го оставиш да пага и се урива, зашто требало некој да се офајди од него и со него, па кога ке правите вие држава мајкуму???
Знам, имаше еден шеф на кујната во Хотелот кои порано работеше со мене во Лимена Амбалажа, ама арамија човекот, невиден дилетант за кражба, како во Лимена Амбалажа, така и во Хотел Битола. уште колку се вмешани знаат Партиските Криминалци од двете номенклатури. Мене ми е ептен блиску па незнаев дека го избришале од бројката на хотели, па не се надевав дека не ке најдам фотографија од овој Хотел.
Кој ли ке се офајди од ова гигантска зграда на Хотел Битола која беше изградена од грагански пари за време на Југославија???!
НОБЕЛ,,,@

No comments:

Post a Comment