Мистичност на еден процес на постоење на Фашизмот како теорија, не безсознание дека нема ништо со нештото, во смисла дали се работи за Македонско население, или пак за Бугарско.
Причината е друга, и генезата на проблемот е дека суштесвувањето на креациите на политикување во нашиот простор, имаат коренитост во темнината, залезот, и злото, како феномен на линчување на неистомисленици.
Ако се земе теоремата на одење наназад, ке се види јасно дека сопнувањата не се денешни, туку битието нивно е од памтивек.
Кој тоа сакал да прави хармоничност тука, а кој се борел за влианиа на овие или оние од соседството, па репликите се повторуваат и до денешен ден!!?
Се поставува прашањето, кој е биопсот на лакомијата дека тоа и тоа ни се случува сега, а не секогаш?! Нема крај кршењето на копјата дека самоуништувањата доагаат секогаш одвнатре, а не се производ на тугинци, сем ако не се приклониш кон нив.
За време на Илинденскиот период, пред него, и потоа, се знае како течеле работите, и зашто биле убиени фракционерите, а не постоела тврда национална конструктивност. Тука нема дилеми.
Па пример е и тоа што населението од територијата на Македониа за време на Балканските војни, после распадот на Отоманската Инперија, учествувале во трите војски на соседството, а никој немал идеја за обединување на силите за ослободување и формирање на држава Македониа. И тоа е со факти.
Репризите што се случуваат после 90 тите навака, не се скорешни и само тие. Овој процес егзистирал и за време на Втората светска војна.
Па да не си ги побиеме фактите сега дека се било успешно и дека Револуцијата на Пролетарјатот овдека била распространета на широко! Не. Тоа е лага огромна и политизирана во историјата, зашто и тогаш ВМРО била дел на Фашистичката номенклатура на Цар Бориз, и Фашистичка Бугарија.
Само еден факт ако се земе со посетата на Патриархот на Бугарската Православна Црква, кои 1943 година дошол во Битола, лугето кои за себе сметале дека се Бугари, а тоа не биле малку, оние кои не успеале да му се приблизат на Пајтонот, ја бакнувале земјата, трагите на Пајтонот каде што минувал тој.
И учеството на ВМРОВЦИТЕ во тоа време, било максимално во редовите на Фашистичката војска на Бугариа. И за тоа постојат документи во Софискиот Историски Архив, но и во Германските Архиви ги има.
Една работа да ни е јасна, дека и во 1944 година, кога се распаднала Фашистичката Армија на Бугариа, овие луге се пресоблекле од таа нивна униформа, и облекле Партизанска, за да бидат рехабилитирани.
Македонската политика, и за време на Комунистичкото владеење не ги санкционира до крај сите, зашто беа многу.
Само еден дел беа санкционирани, и тоа само Врховистите, а другите десничарски фракции не беа ни чепнати од Партизанската власт, ниту од ОЗНА. Па, дури такви и беа подоцна сместени на раководни места, затоа Национализмот и Фашизмот беше и тогаш присутен во некои кругови на таа демек Комунистичка власт.
Корените на Националшовинизмот и Фашизмот, не се од денеска. Тие влечат корени, и имаат силна позадина, од пред повеке од еден век, да ни е јасно.
Некој политички обоени Историчари, сакаат под Рогоза да ги ставаат ваквите ставови и факти, но не се само тие што знаат да истражуваат и пишуваат историја, да се разбираме. Некои работи, сами ке си излезат на површина, зашто времето ке ги вади нив така.
Ф.Нобел Демири
No comments:
Post a Comment