Wednesday, September 21, 2022

П О Д Н Е С О К

 

ДО КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

 

                                                          А к т

 

ГЕНЕРАЛНА ПРИЈАВА ЗА КРШЕЊЕ НА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ ВО СРМ.

 

 

Од Фергим Демири Новинар и Општественик, Преседател на невладиното здружение КОНГРЕСИ И БАШКИМИТ, Битола, со стан на ул.25-та, бр.29, 7000 Битола СРМ.

 

 

 

Уште на стартот , Дискриминацијата ја започна основачот на ова Комисија со одбивањето на мојот син за да биде дел на ова Комисија, Магистер по Филозовски Науки Мариглен Демири.

Следователно, дискриминацијата во моето семејство трае веке 20 и кусур години, со кршење на елементарните грагански и човекови права, почнувајки од сферата на здравството до политичкиот прогон против мене на Владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како и ова сегашната. Сум бил приморан да барам Азил во неколку земји на Европската Униа, за да си се заштитам јас, но и семејството да ми биде нечепнато, сето тоа поради слободното информирање и новинарство.

Слична судбина доживеа и мојот син кого го некеја да е дел во ова Комисија, иако тој како дел на поранешната ЛЕВИЦА, бес да се докажи дека сторил кривичен акт против ова (не) држава, 6 години беше влечкан по судови, во основен суд-1, Скопје за да на крај нема докази и да застари делото.

Првин ме натепаа Партизаните на ДУИ 2008 година, а потоа им наредиа на Полицијата и на Обвинителството да ги менуваат службените белешки и на крај и мене да ме осудат како соучесник во тепачка.

По втор пат бев осуден са еден коментар на Фејзбук каде му укажував на една соработничка на ДУИ, наводно Новинарка претходно била во Ал Сат ТВ, која имаше вршено рецензија на мој текст објавен за Агенцијата за вести Илирија Њуз каде бев и вработен, преку Комјутерски Криминал во МВР поднесена е преставка, а Обвинителството беше натерано, да отфори постапка против уставно, зашто јасно е нагласено во член 15 на Уставот на СРМ дека цензурата е забранета во Северна Република Македониа со Уставен Закон.

Јас, за да не ме осудат со затфор, избегав од земјата и побарав Азил во Белгија, се плашев да не ми го одземат Пасошот, бидејки мојот мобилен телефон кој беше платен 700 евра ми беше одземен од Инспекторот на СВР Битола и ми дадоа една потврда, сум го барал по писмен пат преку МВР и Омбудсманот, но телефонот не ми е вратен. Ме осудија во одсуство 2 месеци затфор со една условно, каков преседан на (не)правдата во Маќидониа.

Се објавил интерен оглас кај Омбудсманот ((хе) народниот правобранител за преведувач , и поднесов апликација за преведувач од Македонски на Албански јазик за канцаларијата на Омбудсманот во Битола, одговор добив после еден месец, но во напишаното, врска нема тоа што ми велат тие, бидејки актот немал храброст самиот Омбудсман да го потпише, туку некаков си Секретар неговпартиски војник, ми пишувал глупости невидени.

Напишав Преставка на тој одговор и преку Мејл на Насер Зибери му пуштив 100-тина документи, ете веке трет месец немам никаков одговор.

Да не зборуваме за други измами од страна на Министер за Култура кој ме стави на трошоци да соберам една скоро врека на документи за моите активности во Културата, и на крајот се скри, и ме препушти на еден Референт по име Афет Јашари, кој пак дополнително ме натера по Пошта да сум ги пуштал документите, а одговорот од Министерот за Култура Адеми, тогаш во три реченици го добив по 6 месеци. Нема крај дискриминацијата во ова поле, во над 100-тина места сум аплицирал, од некои поке од половината не сум добил никаков договор.

Нема доверба ни во ова комисија зашто има неправда при изборот, а Омбудсманот што прави да ве прашам , ве молам? Која е неговата Работа? И потоа се лутите зашто бараме Политички Азил. Епа ете ова е само дел од кршењето на елементарните права, а колку ги има, треба цел роман да ви напишам.

Ако не верувате, појдете или барајте од Омбудсманот да ви ги даде испратените документи, но не само тие. Јас постојано сум му се жалел на таа институција, но тој не е народен правобранител, зашто ниеден случај нема истерано до Стразбург, а јас си комуницирам со Европската Комисија, со Интернационалната Федерација на Новинари со седиште во Брисел, и со Европската, и со други асоциации и мегународни фактори, но да знаете, таму каде што има Комисиии, не се решаваат никакви проблеми. Таму само се замаглуваат работите и криминалците во политиката делуваат беспрекорно.

Со почит

 

Фергим Демири, Независен Новинар и Аналитичар,

Битола




No comments:

Post a Comment